18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес сончево, температурата до 18 степени

Времето денес сончево, температурата до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево и тивко со умерена облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слабамагла. Максималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП