24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ усвои инвестициски план од 44 милијарди евра за Африка

ЕУ усвои инвестициски план од 44 милијарди евра за Африка

ЕУ усвои нов инвестиционен план за Африка, во рамките на кој се надева дека ќе привлече под своја гаранција средства на приватни инвеститори во износ 44 милијарди eвра. Ова беше објавено денеска од страна на Европската комисија.

Европската комисија идентификува пет клучни области за спроведување на својот Странски инвестициски план. Неговиот обем е 44 милијарди евра за земјите од Африка и земјите од Јужното партнерство.

Во петте индустрии влегуваат обновливата енергија, поддршката за малите и средните претпријатија, проширување на кредитирањето на земјоделското производство, развојот на социјалната инфраструктура во градовите и другите населени места, развојот на дигиталниот пазар и информатичките услуги.

Комисијата објави прием на инвестициски проекти од финансиски структури и институции кои по експертската оценка може да добијат одобрение од ЕК, нејзината гаранција и поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП