Оваа симпатична и луксузна вила во Аризона е опкружена со неверојатно убави пејсажи…
Прекрасниот панорамски поглед на „Desert Mountain“ во Аризона го инспирирал сопственикот и архитект Тод Барстад во потполност да ги искористи предностите на затворено-отворениот животен простор.
Рустичната мешавина на камења и органски материи беспрекорно е вклопена во ентериерот и екстериерот. Огледалата по аглите на базенот создаваат чувство на бесконечност, а импресивни пустински планини го опкружуваат базенот и големиот отворен простор за забава, совршено функционален за големи собири.
Дрвото и каменот интезивно се користат во целата куќа, обезбедувајќи шармантна рустично инспирирана атмосфера. Изложените греди и дрвениот мебел со вкус се додадени на целосниот дизајн.
Стаклените ѕидови и врати им овозможуваат на станарите да уживаат во експанзивните пустини и прекрасни пејсажи од секоја соба.