28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмајте ги секогаш во домот овие седум здрави намирници

Имајте ги секогаш во домот овие седум здрави намирници

Потрудете се секогаш кога ќе го отворите фрижидерот, во него да ги има овие седум исклучително здрави намирници.

Здравјето започнува во чинијата – затоа снабдете се со овие намирници…

Јајца

Истражувањата покажуваат дека уделот на регенеративниот витамин А во кожата се зголемува за 20 проценти само по две недели редовно консумирање на јајца.

Сок од цвекло

Го стимулира протокот на крв во мозокот и го спречува или го забавува влошувањето на менталните функции. Уште една корист од цвеклото е тоа што тоа ја подобрува физичката способност.

Риба

Освен што омега 3 масните киселни ги поттикнуваат мозочните функции, ја „пополнуваат“ кожата и ги редуцираат брчките, рибата е една од намирниците кои еднакво го намалуваат ризикот од дегенеративни промени на бојата на кожата.

Сок од капини

Антиоксидансите го неутрализираат ефектот на стареење на клеточното ткиво, а американските научници откија дека сокот од капини е исклучително богат со овие материи.

Жолта пиперка

Една порција од 100 гр содржи 6,9 мг лутеолин, флавоноид кој ја оддржува оптимална функцијата на мозокот.

Киви

Колку повеќе витаминот Ц е застапен во вашата исхрана, толку повеќе сте здрави, вашата кожа е посјајна и имунитетот ви е поголем. Научниците открија дека организмот полесно го апсорбира витаминот Ц од кивито отколку оној од витаминските додатоци.

Кељ

Овој зеленчук со можеби најбогатата содржина на хранливи материи е одличен извор на фолна киселина, чиј недостаток го зголемува ризикот од загуба на слухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП