19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа година Општина Центар нема да троши пари за пречек на Нова...

Оваа година Општина Центар нема да троши пари за пречек на Нова година

Општина Центар оваа година нема да троши пари за организирање новогодишна прослава за граѓаните. Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека на скверот „Јадран“, сепак ќе им музика, но прославата ќе биде платена од спонзорства.

„Што се однесува до прославата на Нова година, Општина Центар нема да троши пари за тоа, но со помош на спонзорства, жителите на Центар, но и сите други граѓани, ќе може да ја пречекаат новата година со македонски пејачи, без класична бина, сите заедно на скверот ‘Јадран’“, рече Богдановиќ.

Тој додаде дека околу шест милиони денари, колку што требало да се одвојат од општинската каса за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за зголемување на чистотата и за социјална помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП