28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА ја продолжува соработката со општината Илинден

ОКТА ја продолжува соработката со општината Илинден

okta1

Рафинеријата OKTA ќе ја продолжи успешната соработка со општина Илинден. На средбата на претседателот на одборот на директори при ОКТА г-дин Сарантос Кириакопoулос и градоначалникот на општина Илинден – Жика Стојановски, беше дискутирано за повеќе прашања поврзани со самата општина, како и работењето на рафинеријата ОКТА, по што беше донесен заклучок дека соработката ќе продолжи и понатаму на взаемен интерес. Денеска беше отворена општинската библиотека во Домот на Културата во Илинден од страна на министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, а ОКТА се вклучи како поддржувач на овој проект преку донација на интересни книжевни дела од повеќе жанрови. Од денеска па натаму, сите граѓани на Илинден ќе можат да ја посетат библиотеката и да уживаат во квалитетниот избор на дела од литературата.

Оваа донација е продолжување на низата успешни проекти кои досега се реализираа како резултат на соработката  помеѓу рафинеријата и општина Илинден.

okta2

„ ОКТА како општествено одговорна компанија, континуирано се труди да вложува во локалната заедница во која припаѓа и дејствува. Се надеваме дека нашата плодна соработка ќе продолжи и понатаму, на обострано задоволство. ˮ –  изјави г. С.Кириакопoулос, претседател на одборот на директори при ОКТА.

„Пристапот до интересна литература од повеќе жанрови, е особено корисен со цел да се стекнат различни знаења и образование, со што се зголемува и нивото на културна едукација.Токму отворањето на новата библиотека ќе го овозможи тоа за жителите на Илинден, а компанијата ОКТА со оваа донација го дава и својот придонес ˮ – изјави Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП