18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger станува се подобар

Facebook Messenger станува се подобар

Популарната „Facebook“ апликација „Messenger“ започна да поддржува испраќање и споделување на фотографии во „4К“ резолуција, односно 4.096 пиксели по фотографија.

Корисниците на „Messenger“ месечно испраќаат 17 милијарди фотографии со помош на овој сервис, објави „Facebook“. А се досега тие фотографии не можеа да бидат во „4К“ резолуција. Доколку сакавте да испратите таква слика, „Messenger“ ќе ја компресираше во пониска резолуција пред испраќањето.

Поради тоа што „4K“ резолуцијата е се подостапна и популарна благодарејќи на се поголемата поддршка кај бројни паметни телефони, во „Facebook“ одлучиле и на „Messenger“ да му додадат и поддршка за оваа резолуција. Големината, најверојатно, нема да влијае на брзината при испраќање на големи фотографии.

Поддршката за „4K“ видео содржини ќе стане постепено достапна на корисниците ширум светот. Прво ќе пристигне на уредите со „Android“ и „iOS“ оперативните системи во САД, Канада, Велика Британија, Австралија, Франција, Сингапур, Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП