25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan - Најважната банка во глобалниот финансиски систем

JP Morgan – Најважната банка во глобалниот финансиски систем

Ниту една друга банка не е толку важна за стабилноста на глобалниот финансиски систем како американската „JP Morgan Chase“. И во исто време, ниедна друга банка не е толку опасна како „JP Morgan Chase“. До овој заклучок дојде Советот за финансиска стабилност (Financial Stability Board, FSB).

Во листата на 30-те глобални систематски важни банки (G-SIB) „JP Morgan“ е единствената банка во врвот на категоријата, објави „FSB“ кој е со седиште во Базел. Затоа големата американска банка е обврзана да задржи 2,5 процентни поени повеќе капитал отколку „нормална“ банка.

Досега сметаната за исто толку важна американска банка „Citigroup“ веќе е во втората категорија, во која е потребен со 2% повисок капитал од овој во обичните банки. „Citigroup“ е во група со германската „Deutsche Bank“, американската „Bank of America“ и британската „HSBC“.

„FSB“ ги проценува банките не по нивната големина, туку според ризикот, кој се крие во нивниот бизнис и за тоа колку се поврзани во финансискиот систем. Ова е од клучно значење за последиците од можната криза за нив, за целата индустрија и за економијата како целина. Листата „G-SIB“ ја ажурира еднаш годишно.

Француската „BNP Paribas“ беше отстранет од втората категорија и беше ставен во третата категорија на глобалните системски важни банки. Постојат и три кинески банки, додека пред една година имаше само една од азиските земји. Така, кон „ICBC“ оваа година се приклучија и „Bank of China“, како и „China Construction Bank“. И пред тоа тие беа големи, но за една година тие ја зголемија нивната поврзаност со меѓународниот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП