16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНепријатни нешта со кои се соочува секој претприемач

Непријатни нешта со кои се соочува секој претприемач

Освен што претприемништвото подразбира многу работење, донесување на одлуки и одговорност, постојат уште неколку предизвици со кои секој претприемач треба да се справи…

Да бидете претприемач може да биде исклучително одлично искуство, но дури кога ќе ги надминете овие три препреки…

Промена на расположението

Водењето на компанија е како возење на тобоган – еден ден сте на врвот, а вториот ден се спуштате со голема брзина. Без оглед колку се трудите да ја одвоите работата од приватниот живот, кај претприемачите тоа е речиси невозможно. Живеете и дишете заедно со компанијата и со оглед на тоа дека за неа се грижите како за вашето дете, интензивно ќе преживувате и позитивни и негативни нешта.

Следење на банкарската сметка 24 часа на ден

Како оновач на компанијата, одговорни сте за секој денар кој е инвестиран. Токму поради тоа може да се случи неколку пати во денот да ја проверувате банкарската сметка, и секој потрошен денар да го доживувате како да ви се „празни резервоарот“. За разлика од школските денови, претприемачките денови е многу посериозни, или имате пари да продолжите да работите или немате.

Проблеми во врската

Со оглед на тоа дека во глава ќе ви бидат стотици други нешта (поврзани за компанијата), прашање е колку ќе бидете концентрирани на вашиот партнер. Деловните патувања, деловните состаноци, деловните ручеци…. значат дека повеќе пати ќе морате да го откажете договорот со вашиот партнер поради деловните цели, а во оваа ситуација е важно покрај себе да имате личност која ве разбира и подржува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП