23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од ЕУ се поделија на две - со високи и со ниски...

Земјите од ЕУ се поделија на две – со високи и со ниски плати

Економскиот раст, веќе забележан во сите земји на ЕУ, е проследен со постојано подобрување на пазарот на труд и социјалната состојба, а вработувањето достигна рекордно ниво од 235,4 милиони. Ова е еден од заклучоците од есенските предвидувања за развојот на економијата на ЕУ, изготвен од Европската комисија.

И покрај тоа што има подобрување насекаде, разликите помеѓу земјите се сериозни – меѓу 3,1% стапка на невработеност во Чешка и 3,8% во Германија до 21,6% во Грција и 17,3% во Шпанија. Растот на платите се зголеми во периодот од 2000-та до 2016-та година, па продуктивноста на работниците во ЕУ расте за 14,3%, а реалните плати за 10,2%.

Јазот во платите е исто така значаен – од 4,60 евра на час во Бугарија до 43,30 евра во Луксембург. Всушност, набљудувањето на Брисел е дека земјите од заедницата се поделени на две – оние со високи плати и оние со ниски плати. Само платите во Кипар, Словенија, Италија и Шпанија се приближуваат до просекот на ЕУ.

Вработувањето во ЕУ во првата половина од 2017-та година изнесува 72,2%, што значи дека сé уште има работа за постигнување на целта од 75%, пишуваат од Брисел. Растот е во 27 земји, со само мал пад на вработеноста во Луксембург.

Подобрувањето на состојбата на пазарот на работна сила, исто така, влијае на приходите на домаќинствата и ова го намалува бројот на Европејци кои се изложени на ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Бројот на луѓе кои се соочуваат со материјални тешкотии исто така е рекордно низок – 37,8 милиони луѓе.

Сепак, во многу земји во заедницата, расположливиот доход не може да достигне ниво пред кризата, со најсериозен проблем во Кипар и Грција, каде што расположливиот доход во 2015-та година е 23% и 32% понизок отколку во 2008-ма година. Во Бугарија, Романија и Полска, приходот расте со темпо над просечното европско ниво, што е донекаде поврзано со долната граница што овие земји ги различкува од остатокот од ЕУ.

Трендот на зголемување на т.н. „работите сиромашни“ во ЕУ сé уште не можат да бидат запрени и обратно. Според анализите на ЕК во 2016-та година, овој проблем засега 9,6% од луѓето на работоспособна возраст во ЕУ. Најниското ниво беше во 2010-та година, кога 8,3% или 32 милиони работоспособни Европејци биле изложени на ризик од сиромаштија. Комисијата истакнува дека само вработувањето не е доволен услов за намалување на овој ризик и препорачува нестандардни форми на работа.

Брисел, исто така, го привлекува вниманието на еднаков пристап до пазарот на трудот за ранливите групи – самохрани родители, етнички малцинства, лица со посебни потреби и други. Флексибилното работно време, особено за жените, во иднина ќе доведе до намалување на пензиите, а тоа значи дека треба да се бара пофлексибилен баланс помеѓу работата и животот, забележува Комисијата во својата анализа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП