25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen ја зголеми проценката за растот на приходите до 2020 година

Volkswagen ја зголеми проценката за растот на приходите до 2020 година

„Volkswagen“ ја зголеми среднорочната прогноза за приходите до 2020 година, врз основа на зголемувањето на побарувачката за нови спортски теренци на пазарите во развој.

Најголемиот производител на автомобили во светот сега очекува дека во 2020 година приходите на ниво на групата ќе ги надминат рекордните минатогодишни 217 милијарди евра за повеќе од 25 проценти.

Во март компанијата прогнозираше раст на приходите од 20 проценти.

Поради одделни инвестиции во производството на електрични автомобили, чија прва генерација ќе биде помалку профитабилна, како и поради континуираните инвестиции во моторите со внатрешно согорување, кои се условени со посторогите прописи за емисијата на штетни гасови, „Volkswagen“ воедно беше присилен да ги потврди и насоките за оперативната добивка на ниво на проценката објавена во март.

Оперативната добивка пред камата и данок (EBIT) до 2020 година би можела да порасне за 25 проценти или повеќе, во однос на минатогодишните 7,1 милијарди евра.

Компанијата минатиот петок најави дека до 2022 година планира да потроши повеќе од 34 милијарди евра на електричните и автономни автомобили и новите услуги за мобилност во склоп на настојувањето да се стави точка на скандалот со лажирањето на податоците за емисијата на штетни гасови. Целта и е водечката позиција во сегментот на возилата со нулта емисија на штетни гасови.

На вчерашното тргување, акциите на „Volkswagen“ се тргуваа на ниво од 170,4 евра, со регистриран раст од 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП