28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија доби поддршка за развој на туризмот од Светската туристичка организација

Македонија доби поддршка за развој на туризмот од Светската туристичка организација

По покана на Светската туристичка организација со седиште во Мадрид, министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со генералниот секретар на оваа организација на Обединетите нации одговорна за промовирање одговорен, одржлив и инклузивен туризам, Талеб Рифаи.

Министерот Бектеши го информираше генералниот секретар за приоритетите на новата влада и политиките и мерките за побрз економски развој, давајќи посебен акцент на туризмот, како една од најважните индустрии во светот.

На средбата се дискутираше и за правците на развој на туризмот на глобално ниво, за новите трендови и за подобрувањето на туристичките услуги, а министерот Бектеши ја искористи оваа пригода да ја претстави туристичката понуда на Македонија и можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи.

Рифаи истакна дека Република Македонија се позиционира на листата на земји – пријатели на Светската туристичка организација и вети целосна поддршка од оваа главна меѓународна организација која го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот. Генералниот секретар ја истакна и неговата лична желба за побрз развој на туризмот во наредниот период, со оглед на потенцијалите со кои располага Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП