16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГрешки во инвестирањето кои треба да ги избегнете

Грешки во инвестирањето кои треба да ги избегнете

Креирањето на портфолио кое ќе ви ја донесе посакуваната добивка, бара многу определувања на квалитетни инвестициски политики. Во таа работа, за жал, грешките се многу чести. Ова се најчестите грешки кои треба да ги избегнете.

Немојте да вложувате без дефинирање на основните правила. Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција, целта на вложувањето и временскиот хоризонт. Временскиот хоризонт го одредува времето кое е потребно за да стигнете до вашата цел, а толеранцијата на ризикот можете да ја дефинирате како класа на имотот или индустријата во која сакате да инвестирате. Доколку не ги дефинирате овие основни правила, вложувањето ќе ви биде многу тешко, ако не и невозможно, да изградите портфолио кое ќе ви ги даде посакуваните резултати.

Не ја префрлајте одговорноста на некој друг. Парите кои ги вложувате се ваши, како и имотот, односно акциите, односно кога би требало да ставите пари на штедната книшка или да вложите во фонд. Доколку премногу се потпирате на други луѓе, секогаш ризикувате да ги изгубите парите дури и кога не сте морале.

Немојте да бидете алчни. Тоа може да ви донесе многу неприлики. Има големи шанси вложувањето во акции кои носат големи пари, исто така, да донесe и голема загуба пред тоа да го дознаете.

Не бидете невнимателни кон вашите инвестиции. Ако не го проверувате вашето портфолио редовно (годишно, три пати годишно или месечно), можете да завршите со различна вредност на своите инвестиции од онаа која сте ја замислувале.

Немојте да губите пари. Закрепнувањето од неуспешно инвестирање може да потрае со години, затоа немојте да го игнорирате штедењето, или оние инструменти на инвестирањето кои носат помала добивка, но вам ви пружаат далеку поголема сигурност во инвестирањето.

Немојте да се концентрирате на една класа на имот. Освен ако немате посебно одредена инвестициска цел, распоредувањето на ивестициите е клучот за успешно портфолио. Вложувањето во различни класи на имот (штедење, акции, пензиски фондови), го намалува ризикот за преголема загуба. Причината е едноставна, ако на една инвестиција губите, на друга заработувате.

Немојте сите пари да ги вложите во една индустрија. Слично како и на потребата за правилно распоредување на класите на имот, морате да се погрижите вашите инвестиции да претставуваат широк спектар од акции. Многу инвеститори прават грешка со преголемиот нагласок на своето портфолио во многу видливи сектори. Иако изложувањето на тие индустрии е соодветно, морате да имате изложување во сите индустрии. Инвестирањето во индексирани ЕТФ или производи е еден од начините да ја присилите оваа разновидност во вашето портфолио, но морате да направите разлика помеѓу активното и пасивното вложување.

Немојте долгорочно да вложувате во акции со „добра приказна“. Една од најчестите грешки кои ги прават инвеститорите е, долгорочното вложување во акции на компании чиј раст се очекува само врз основа на „приказна“. На пример, ако некоја компанија најавува нов производ или инвестиции, таа приказна може да ја дигне цената на акциите во краток период. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека на основа на „приказна“, цената на акциите долгорочно ќе расте. За вас, најдобро би било да ја следите приказната и да ја затворите позицијата (односно, продадете ги акциите), доколку не дојде до реализација на најавените планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП