24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp експериментира со снимање гласовни пораки

WhatsApp експериментира со снимање гласовни пораки

„WhatsApp“ опцијата за снимање и испраќање на гласовни пораки ја воведе уште во 2013-та година. И се досега со неа не се занимаваа. Сега експериментираат со таа опција, со цел да овозможат снимање на гласовни пораки без користење на посебно копче.

А тоа би требало да функционира на следниов начин:

Кога ќе почнете да снимате гласовна порака, „WhatsApp“ ќе прикаже „лизгачко“ копче со микрофон. По половина секунда, на корисникот ќе му биде понудено да повлече со прстот по екранот нагоре со цел да го заклучи снимањето и снимајќи без користење на копче.

Корисникот ќе може да ги пребарува претходните пораки додека разговара, во случај да треба да провери податоци за кои разговара или да се потсети што треба да каже.

Новата опција за снимање на разговори ќе има и неколку ограничувања.

Додека апликацијата е заклучена за снимање, нема да може да се прегледуваат слики и видео записи, како и да не се пишува текст. Нема да може да се прегледуваат ниту претходни разговори, поради што може да се случи снимката да биде автоматски избришана.

Се уште не е познато кога новата опција на снимање на разговори ќе биде достапна, поради тоа што се уште е во фаза на тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП