28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMorgan Stanley: Акциите на Tesla ќе бидат исклучително нестабилни во 2018-та

Morgan Stanley: Акциите на Tesla ќе бидат исклучително нестабилни во 2018-та

Акциите на „Tesla“ ќе бидат „исклучително нестабилни“ следната година, достигнувајќи високи нивоа кои би можеле да достигнат 400 долари пред да се соочат со „спротивен ветер“, кој би можел да ги одвеле дури под сегашните нивоа, коментираат аналитичарите од „Morgan Stanley“, цитирани од „MarketWatch“.

Аналитичарите исто така ги намалија очекувањата за производство на „Model 3“ во четвртиот квартал, велејќи дека очекуваат „Tesla“ да достави само 1.000 единици од седанот за масовниот пазар, што е под претходните очекувања за производство на 10.000 возила.

Сепак, тие ја одржуваат својата прогноза за 120.000 возила испорачани од овој модел во 2018-та година.

Главниот извршен директор на „Tesla“, Илон Муск прогнозира дека „Tesla“ ќе може да прави по 5.000 примероци од седанот  „Model 3“ на недела до крајот на годината, но по резултатите од третиот квартал компанијата најверојатно ќе стигнат до оваа фаза на крајот на првиот квартал од следната година.

За движењето на акциите на „Tesla“ аналитичарите предвидуваат две фази – првата е за ублажување на тешкотиите во производството со силен готовински тек, а вториот е придружуван од „зголемената загриженост“ дали компанијата може да се задржи меѓу конкурентите.

„Morgan Stanley“ постави проценета цена од 379 долари по акција, што е за 20% повисока од денешната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП