25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе се роди ли најголемиот хотелски оператор во Шпанија?

Ќе се роди ли најголемиот хотелски оператор во Шпанија?

Шпанскиот хотелски синџир „Barceló“ предложи да го купи локалниот конкурент „NH Hotel Group“ за 7,08 евра за акција – 27% премија во однос на просечната квартална цена на акциите.

Ако цената се прифати договорот ќе достигне вредност од околу 2,2 милијарди евра, а новосоздадениот хотелски синџир ќе стане најголемиот во Шпанија.

„NH Hotel“ управува близу 400 хотели главно во Европа и Латинска Америка.

„Barceló“ наведува дека понудата не е обврзувачка и продолжува да биде предмет на дополнителни проценки.

Од „NH Hotel“ го потврдуваат интересот. Најголемиот акционер во групата е кинескиот конгломерат „HNA“ кој е подложен на растечки притисок од регулаторите во земјата да продава инвестиции во странство поради системски ризици.

Групата го поседува и „Carlson Hotels“, сопственикот на хотелскиот синџир „Radisson“, како и 25% од „Hilton“ кои ги купи од инвестициската компанија „Blackstone“ за 6,5 милијарди долари.

Предлогот доаѓа во позадина на бурниот развој на туристичкиот сектор во Шпанија. Рекордни 36 милиони луѓе ја посетиле земјата во првата половина од годината, што е за 11% повеќе во однос на првата половина на 2016-та година. Така за четврта година по ред земјата го подобрува рекордот за привлечените туристи.

Шпанија ја искористи политичката несигурност во популарните медитерански дестинации како во Египет, Тунис и Турција, кои се избегнуваат од туристите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП