29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната вила Piccolomini (фото)

Луксузната вила Piccolomini (фото)

Сместена во срцето на Тоскана, во Сиена, прекрасната вила „Piccolomini“, која беше луксузен бутик хотел до неодамна, ставена е на продажба по цена од 3,5 милиони евра…

Тоа не е многу кога ќе ги видите сликите и ќе увидите дека оваа шармантна вила всушност е средновековна тврдина која потекнува од 1000. година. Овој имот е во совршена состојба – прекрасно е реконструиран со почит кон оригиналната структура. Се наоѓа на недопрената област меѓу Chianti и Val d’Orsi, на врвот на ридот, од каде што можете да уживате во фантастичните погледи кон омилениот италијански регион – Тоскана.

Вилата „Piccolomini“ има богато декориран простор, со површина од 1,838 квадратни метри, кој содржи и релаксирачки спа и простор за гости, со 20 одвоени станбени единици, со вкупно 31 спална соба и 25 бањи. Но тоа не е се – овој имот има и камена и фармерска куќа, на која и е потребно дополнително средување и реставрација.

Тука е и дворот, кој го поврзува резиденцијалниот простор со старата капела, и го дели паркот на два одвоени простори, при што еден содржи импресивна градина, а другиот базен и простор за релаксација. Како што можете да видите во галеријата, во склопот на оваа вила постои и тениски терен, каде можете да се забавувате на активен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП