20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА24-часовен штрајк на атинското метро

24-часовен штрајк на атинското метро

Вработените во атинското метро почнаа 24-часовен штрајк против плановите на владата да ja приватизира компанијата. Изминатите недели работниците го блокираа метрото на неколку часа.

Тие бараат средба со грчкиот министер за финансии, Еуклид Цакалотос, и се закануваат со дополнителни штрајкови доколку до тоа не дојде, пишува „Катимерини“.

„Во последните две години метрото и целиот јавен превоз во Атина обезбедија многу важна социјална услуга нудејќи бесплатен превоз за невработените и намалени билети за оние што имаат потреба. Точна политика е дека како работници ние ги охрабруваме и сакаме да се прошири на голем дел од населението во овој период на жестока економска криза и потреба“, објави соопштение синдикатот на вработените во метрото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП