16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarvell сака да го купи производителот на чипови Cavium

Marvell сака да го купи производителот на чипови Cavium

Американската компанија „Marvell Technology“ испрати понуда за купување на производителот на чипови „Cavium“ чија вредност изнесува околу 6 милијарди долари.

Евентуалната зделка ќе ја зајакне консолидацијата меѓу производителите на чипови, кои настојуваат да се шират, за да можат подобро да снабдуваат технолошки гиганти како „Apple“, „Google“ и „Samsung“.

Минатата недела „Qualcomm“, еден од лидерите во индустријата, одбие понуда за купување во вредност од 103 милијарди долари од „Broadcom“, оценувајќи ја како премногу ниска.

„Qualcomm“ минатата година објави дека го купува „NXP Semiconductors“ за 38 милијарди долари, иако договорот се уште не е одобрен од регулаторните органи, а „Avago Technologies“ го купи „Broadcom“ за 37 милијарди долари во 2016-та година.

Понудата денес им овозможува на акционерите на „Cavium“ да добијат 40 долари и 2,1577 обични акции на „Marvell“ за секоја од нивните акции. Се планира акционерите на „Cavium“ да имаат удел од 25 отсто во обединетата компанија, на чело на која ќе застане главниот извршен директор на „Marvell“, „Мет Марфи“.

Ко-основачот и извршниот директор на „Cavium“, Сајд Али, ќе биде стратешки советник и член на одборот.

„Cavium“ произведува чипови за жични и безжични технолошки уреди и има силни позиции во мрежните технологии. „Marvell“ чиповите се специјализирани за апликации и интегрирани кола. Се очекува дека споениот ентитет ќе понуди пониски цени и поповолни услови за потенцијалните клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП