20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

Најавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

Градот Скопје во претстојниот период ќе спроведе голема акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите општини во градот во период од 20-ина дена, информира градоначалникот Петре Шилегов.

Освен јавните претпријатија со нивната механизација, во акцијата ќе бидат ангажирани и невработени лица како дополнителна работна сила. Овие лица ќе бидат ангажирани во соработка со Министерството за труд и социјалана политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надоместок за храна и платен автобуски превоз.

„Почнуваме од Бутел, па продолжуваме во сите општини во градот, по ден-два за секоја општина во зависност од големината. Кога ќе завршиме со чистењето на општините, ќе преминеме на чистење на кејот на реката Вардар“, изјави градоначалникот Шилегов пред новинарите.

Ова претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот. Планирано е да се исчистат и измијат улиците од прашината што со години се таложи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП