20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧоколадо за појадок? Може, но...

Чоколадо за појадок? Може, но…

Сигурно мислите дека ова е најлошиот избор за појадок, но изгледа дека не е така.

Науката вели дека нема ништо лошо во тоа наутро да земете коцка од своето омилено чоколадо – напротив!

Да бидеме попрецизни, експертот за храна Лиз Москов вели дека црното чоколадо е поврзано со подоброто помнење и концентрација, особено ако се консумира во раните утрински часови.

Со оглед на тоа дека добрите ефекти на црното чоколадо врз когнитивните фукции веќе неколку пати се докажани, можеби и не е многу изненадувачки што сега се препорачува да јадеме чоколадо наутро.

Но она што изненадува е студијата спроведена во Тел Авив која покажа дека неколку коцки чоколадо изедени наутро можат да ни помогнат во слабеењето?!

Тоа го покажаа резултатите од истражувањето во кое учествуваа 200 возрасни лица (кои немаат дијабетес), а на кои им е доделена еден од двата понудени режими на исхрана – и двата подразбираат внес на истиот број на калории, а разликата е само во појадокот.

Додека учесниците на оваа група во периодот од четири месеци изгубиле во просек по 15 килограми, оние кои за појадок внесувале 600 калории и покрај тоа малку чоколадо, ослабиле малку повеќе.

Причината за тоа, претпоставуваат научниците, е во тоа што таквиот утрински оброк им помогнал во текот на денот да се држат до планот на исхрана и точниот број на калории кои треба да се внесат.

Значи, сосема е ОК за појадок да изедете чоколадо, но црно и нормално само неколку коцки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП