28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија е на високо ниво, оценија делегациите на Царинските управи на двете земји, на билатерална средба што се одржа во Белград, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Делегациите предводени од директорите на царинските служби Ѓоко Танасоски и Милош Томиќ, разговарале за повеќе теми од интерес за унапредување на взаемната соработка, како и за придонесот кон понатамошно забрзување на преминувањето на границата на граничните премини.

На средбата било констатирано дека соработката меѓу двете царински служби е на високо ниво, што е потврдено со фактот што сите оперативни проблеми на најфреквентниот заеднички граничен премин Прешево – Табановце се надминуваат брзо и ефикасно.

Од Царинската управа информираат дека на состанокот била разгледана соработката во рамките на Спогодбата за взаемна помош по царински прашања, Протоколот за размена на царински информации (SEED), во насока на постигнување на поголема брзина при размената и оперативност.

Исто така, било истакнато дека во текот на последните десет години, двете царински управи активно соработуваат во имплементацијата на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) и дека понатамошното продлабочување на оваа соработка е од интерес за двете држави како и за целиот регион.

Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија за соработка и взаемна помош за царинските работи, соработката во рамките на Догoворот за слободна трговија (ЦЕФТА), како и соработката на граничните премини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП