20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува министерот за финансии, Филип Хамонд, објави „Ројтерс“.

Дефицитот, со исклучок на државните банки, изнесува 8 милијарди фунти, што е за 6,9 отсто повеќе отколку во октомври 2016-та година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Зголемените трошоци за финансирање на долгот поврзани со забрзаната инфлација го зголемуваат дефицитот. Тој ја надминува просечната проценка од 7 милијарди фунти на економистите анкетирани од „Ројтерс“.

Сепак, во првите седум месеци од финансиската година, која започна во април, дефицитот се намали за 9,6% на 38,5 милијарди фунти. Сепак, се чини дека целта на годишниот дефицит од 58,3 милијарди фунти ќе биде надминат во финансиската година 2017/2018 година.

Се чини дека предизвиците со кои се соочува Хамонд стануваат потешки. Се очекува дека проекциите за економски раст во наредните години ќе се намалат поради постојаниот слаб раст на продуктивноста на трудот. Лошиот економски раст значи пониски даночни приходи од претходните очекувања.

Во неделата, Хамонд рече дека владата е многу ограничена во фискалните услови.

Велика Британија направи да ги зајакне своите јавни финансии, бидејќи буџетскиот дефицит се зголеми на околу 10% од БДП-то во 2010-та година по финансиската криза. Од тогаш, тој е намален на 2,3% во финансиската година 2016/2017.

Хамонд сака да постигне избалансиран буџет до средината на следната деценија.

Јавниот долг на Обединетото Кралство, со исклучок на државните банки, изнесува 79,6% од БДП-то, или 1,6 илјади милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП