28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на EasyJet се „топи“ по тешката година за воздухопловство

Профитот на EasyJet се „топи“ по тешката година за воздухопловство

Профитот пред даноци на „EasyJet“ опаѓа со 17,3% до 408 милиони фунти (458,7 милиони евра) во деветте месеци, што одговара на прогнозите на британската авиокомпанија од минатиот месец. Бројот на патниците е зголемен за 9,7% од почетокот на годината до крајот на септември, пишува „BBC“.

„Моделот на „EasyJet“ е одржлив, имаме огромен позитивен импулс“, рече главниот извршен директор Каролин Маккол.

Добивката би била повисока, но авиокомпанијата беше погодена од „негативното валутно влијание“ како одраз на референдумот за „Brexit“.

„Ја почнавме годината, како што бевме свесни за тоа, па нема изненадување за пазарот“, коментира таа. Маккол сепак, истакна дека компанијата е во добра состојба и покрај тешкотиите пред индустријата.

Во октомври „EasyJet“ објави договор за купување на дел од операциите на „Air Berlin“ на аеродромот Тегел во Берлин за 40 милиони евра.

Се очекува зделката да биде финализирана во декември, а таа ќе даде работа на над 1.000 луѓе од стариот тим на „Air Berlin“.

Компанијата додаде дека операциите на аеродромот Тегел во Берлин ќе доведат до загуба од околу 60 милиони фунти(67,5 милиони евра) во 2018-та година, а и трошоците за нив ќе бидат околу 100 милиони фунти (112,5 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП