28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor 6A Pro, нискобуџетен смартфон за европскиот пазар (видео)

Honor 6A Pro, нискобуџетен смартфон за европскиот пазар (видео)

Кинескиот производител „Honor“, под-бренд на „Huawei“, претстави нов „нискобуџетен“ смартфон за европскиот пазар, кој ја има ознаката „Honor 6A Pro“.

Уредот е многу сличен на „Honor 6A“, паметниот телефон кој во мај имаше деби во Кина. Тоа што ги разликува е скенерот за отпечаток на прстот, кој инаку се наоѓа во таа класа на телефони.

„Honor 6A Pro“ има метално куќиште, кое доаѓа во златна, сребрена и сива боја. Екранот има дијагонала од пет инчи со резолуција од 720p.

Уредот го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 430“, а опремен и со 3GB RAM и 32 GB интерна меморија. Сето тоа го напојува батерија со капацитет од 3.020 mAh.

Смартфонот има предна камера од пет и задна од 13 мегапиксели.

„Honor 6A Pro“ го користи опративниот систем „Android 7.0 Nougat“.

Цената се уште не обелоденета, а првата држава во која ќе се најде во продажба ќе биде Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП