25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs ќе има две централи во еврозоната

Goldman Sachs ќе има две централи во еврозоната

Шефот на „Goldman Sachs“, Лојд Бланкфејн потврди дека американската банка ќе има по „Brexit“ две европски централи – едната во Франкфурт, а другата во Париз, јави „AFP“, цитирајќи го објавеното интервју за „Фигаро“.

„Brexit“ не принудува да ги децентрализираме активностите, посочи пред изданието Бланкфејн по појавијата на коментари на „Twitter“ за оваа тема.

„Нема да имаме само еден, туку два центари – во Франкфурт и во Париз, бидејќи ова се двете најголеми европски економии“, објасни шефот на „Goldman Sachs“, без да даде детали.

„Ќе имаме повеќе вработени на континентот. Некои, ако сакаат ќе дојдат од Лондон, а останатите ќе ги ангажираме“, посочи тој, истакнувајќи дека многу од Американците би сакале да живеат во Париз, отколку во Франкфурт поради различни причини.

Минатата недела извор, запознаен со темата, посочи пред „AFP“ дека „Goldman Sachs“ ќе пренесе голем број дилери и банкари од Лондон во Франкфурт и Париз, откако Велика Британија излезе од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП