29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Цртани жени“ од Братислав Ташковски

Промоција на „Цртани жени“ од Братислав Ташковски

Утре со почеток во 12.00 часот, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе се одржи промоцијата на поетската книга на Братислав Ташковски „Цртани жени“, издание на „Панили“ од Скопје.

Книгата ќе ја промовираат Иван Џепароски и Анастасија Ѓурчинова, а стихови ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Братислав Ташковски е поет, романсиер и драмски писател.Негови дела се преведени на англиски, албански и бугарски јазик. За своето творештво добитник е на наградите „Студентски збор“, „ Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Ацо Шопов“. Застапуван е во антологиски избори од македонска поезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП