19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

Бундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

Германската економија продолжува да расте на крајот на годината благодарение на силната индустриска активност, соопштува централната банка Бундесбанк, цитирана од светските агенции.

Компаниите во Сојузна Република се повеќе се борат да најдат вработени за да ги исполнат своите нарачки.

Позитивната оценка покажува дека најголемата европска економија засега го игнорира политичкиот ќор-сокак во напорите за формирање на влада по парламентарните избори во септември. Во понеделникот „Слободната демократска партија“, изјави дека се повлекува од преговорите за евентуална коалиција „Јамајка“ со конзервативците на Ангела Меркел и со „Зелените“.

За сега, обилните нарачки укажуваат на тоа дека индустријата го води економски раст во Германија, според „Бундесбанк“.

„Поддржан од бумот во индустриската активност, германската економија најверојатно ќе продолжи да се движи по патот на силна експанзија и во последниот квартал од 2017-та година“, пишува во месечниот извештај на регулаторот.

Ако воопшто може да се зборува за бариери, такви може да бидат како што се недостиг на работна сила, особено во градежништвото и индустријата.

„На крајот исклучително поволната средина на пазарот на трудот и фактот дека изгледите за приходите остануваат добри, ќе се осигура дека приватната потрошувачка ќе ја стимулира внатрешната активност“, пишува уште во текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП