19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

Пред дваесеттина дена комунални и градежни инспектори на Општина Карпош започнаа контрола на неколку поголеми градилишта на територија на општината со цел да се направи увид колку се почитуваат правилата за градба и заштитата на околината околу објектите.

„Кај објектите кај кои е извршен вонредниот увид констатирано е дека кај сите контролирани градби оградувањето зафаќа и дел од јавната сообраќајна површина. Со тоа директно се создаваат тешкотии за безбедно движење на пешаците, се отежнува сообраќајот по коловозите и се создава шут во близина на други објекти, на што реагираа граѓаните, но и општинските служби“, велат од Општината.

Од таму информираат дека за еден инвеститор на улицата Лондонска е изречена прекршочна санкција во износ од 4 илјади евра во денарска противвредност за првното лице и 30 отсто од истата сума за одговорното лице, а друг инвеститор на улицата Лондонска веќе постапил во согласност со дадениот налог и укажувањата.

За два инвеститора на улицата Варшавска сè уште тече рокот за отстранување на утврдените неправилности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП