25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија

Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата кога јавноста изврши голем притисок поради неуспехот во баражот за пласман на Светското првенство во Русија.

Италија по 60 години нема да учествува на еден мундијал, а по неуспешниот бараж и елиминацијата од Шведска, јавноста како главни виновници ги посочи селекторот Џампјеро Вентура и првиот човек на Сојузот, Тевекио.

Вентура, бидејќи имаше важечки договор до 2020 година, спогодбено го раскина и замина од функцијата минатата недела, а Тевекио тоа го стори во понеделникот.

Овој 74-годишен спортски функционер на чело на Сојузот застана во 2014 година, а во март годинава беше реизбран на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП