20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПод мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари...

Под мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележа Неделата за грижа на стари лица, во организација на Црвениот крст на Град Скопје.

На одбележувањето присуствуваше Министерката труд и социјална политика Мила Царовска, којашто се осврна на позитивните искуства во регионот со кои таа имала можност да се запознае, и изрази задоволство што вакви позитивни искуства има и во Македонија.

,,Министерството за труд и социјална политика има 12 центри коишто се за стари лица во различни градови на територија на Република Макеодонија. Дел од нив се во соработка со Црвениот крст и ја разгледуваме програмата што се имплементира преку Црвениот крст на градот Скопје да се рашири и на цела територија. Во регионот имаме добри пракси, но и во Скопје ја имаме истата добра пракса каде активно се старее преку овие дневни центри и лицата во трета доба се вклучени во општествените активности. Ќе одиме кон развој на оваа програма во 2018 година и ќе ги поддржиме старите лица да се што поактивни и вклучени“, рече Царовска.

Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, рече дека во рамките на фунцкционирање на Програмата за грижа на лицата од трето доба мобилните тимови на Црвениот Крст се грижат за 180 корисници во домашни усливи, а во дневните центри кои фунцкионираат секој работен ден активно се вклучени 300 пензионери кои работат според месечна програма.

,,Наша цел е во 2018 година бројката да се зголеми за дополнителни 200 лица активни во центрите што ги посетуваат и да биде зголемена на 500. Исто така, се надеваме и на поддршка од институциите во нашите аквивности во овој дел. Годинава, пак отпочнавме и со Проект за геротодомаќинки со кој во текот на 2017 година се опфатени 40 долгорочно невреаботени жени кои се стекнаа со лиценца за нега на лица од трето доба во домашни услови. Во првата фаза се опфатени 80 стари лица, проектот ќе продолжи и во 2018 со што бројката на опфатени лица ќе се искачи на 150”, рече Пауновска.

Во рамки на „Неделата на грижа за стари лица“ Црвениот крст на град Скопје организира инфо пунктови за здравствена превенција и прегледи, дистрибуција на прехранбени пакети, посети во домашни услови, донаторски средби и хуманитарен концерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП