19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДукат ја превзема Љубљанска млекара

Дукат ја превзема Љубљанска млекара

dukat1

Хрватската компанија „Дукат“, член на групацијата „Лакталис“, во постапката за превземање на „Љубљанска млекара“, успеа да добие дополнителни 46,23 проценти од сите акции.

Така, сега во сопственост на „Дукат“ има 96,52 проценти од компанијата.

„Дукат“ досега беше сопственик на 50,28 проценти од акциите на „Љубљанска Млекара“, која Лакталис ја купи од неколку словенечки фондови и банки, а медиумите пишуваа дека на тогашните сопственици им исплатил околу 20 милиони евра за нешто повеќе од една половина од вкупните акции, објавуваат странските медиуми.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, „Дукат“ на останатите акционери, меѓу кои речиси една четвртина од акциите поседува „Млекодел“, им нудел 8,75 евра за акција, што било прифатено од најголемиот дел од акционерите, па затоа превземањето било успешно.

„Љубљанската млекара“ има 550 вработени, а годишно преработува повеќе од 200 милиони литри млеко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП