28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМO започна со исплата на јубилејната награда

МO започна со исплата на јубилејната награда

Министерството за одбрана донесе одлука за исплата на јубилејната награда во согласност со член 97 од колективниот договор потпишан меѓу Министерството и репрезентативниот синдикат во 2013 година.

Иако со овој колективен договор Министерството презело обврска на вработените во МО и АРМ за непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се доделува јубилејна награда во висина на една просечна плата, таа обврска не била исполнета и парите не биле исплатувани. Тоа било причина 700 вработени што ги исполнуваат условите за добивање јубилејна награда, да го тужат Министерството, а за 200 тужби е пресудено во корист на тужителите.

За да се исполни обврската кон вработените, но и да се спречи натамошно трошење на пари од буџетот на МО за судски трошоци и трошоци на адвокатите и извршителите (кои изнесуваат речиси 30.000 денари за предмет), МО донесе одлука да се изврши исплата на јубилејната награда на сите лица што во согласност со толкувањето на колективниот договор од страна на правната служба ги исполнуваат условите за доделување на јубилејната награда.

Право на јубилејна награда имаат 1.800 вработени во МО и АРМ. Исплатата е започната, а ќе биде завршена кон сите 1.800 вработени во период од триесеттина дена.

Со оваа одлука на МО вработените ќе го остварат своето право во согласност со колективниот договор, без потреба да се поведуваат судски постапки и ќе се спречи дополнителна штета на буџетот на МО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП