28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEкономската соработка меѓу Македонија и Чешка во фокус на средбата Сугарески-Томан

Eкономската соработка меѓу Македонија и Чешка во фокус на средбата Сугарески-Томан

Eкономската соработка и актуелните состојби меѓу Македонија и Чешка, беа во фокус на средбата помеѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.

Сугарески го информираше амбасадорот за ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава во делот на патната и железничката мрежа, како и за реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период.

„На средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји, Чешка е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, рече Сугарески.

Соговорниците се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување на економските односи на повисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП