29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто треба да избегнувате кога давате подарок на странски бизнис партнер

Што треба да избегнувате кога давате подарок на странски бизнис партнер

Размената на подароци е составен дел од деловната комуникација. Меѓутоа, овој сегмент има свои правила, а особена претпазливост се препорачува доколку се работи за странски деловен партнер.

Па така, на пример во Jапонија, поголемо внимание се посветува на начинот на примопредавање на подарокот отколку на неговата вредност. Вообичаено подарокот се предава со двете раце водејќи притоа сметка подарокот да не биде во форма на бројот девет, бидејќи Јапонците не го сакаат. Исто така, препорачливо е поклонот да не се пакува во црвена хартија бидејќи во оваа боја во Jапонија се печатат некролозите.

Од друга страна, во Kина препорачливо е подарокот да го завиткате во црвена хартија додека пожелно е да ја избегнувате белата хартија бидејќи е поврзана со погребите. Исто така, во Кина не е препорачливо подарување на предмети во бројот четири бидејќи овој број има симболика на смрт во Кина.

За повеќето земји карактеристично е дека треба да избегнувате подарување на остри предмети како што се на пример ножевите или ножевите за отворање писма. Тоа е случај, на пример со Швајцарија или Италија. За Италијаните е карактеристично дека треба да избегнувате подарување на хризантеми или било кој друг предмет со виолетова боја.

Што се однесува на арапските земји, секако се добредојдени подароците од порцелан или на пример бонбониера и цвеќе.

Она што е универзално за сите змји е да избегнувате подарување на пример на марамчиња (украсни или било кој друг вид) бидејќи се поврзуваат со разделба и солзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП