25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечкиот гигант се шири и во Кина

Словенечкиот гигант се шири и во Кина

Словенечката компанија „Krka“ со кинескиот партнер „Ningbo Menovo Pharmaceutical“ потпиша договор за основање на заедничката компанија „Ningbo Krka Menovo Pharmaceutical“

Со овој договор, фармцевтската компанија од Ново Место ќе има 60 проценти, а кинескиот партнер 40 проценти удел.

Почетниот капитал на компанијата ќе изнесува 30 милиони евра, а ќе ја води тричлениот одобор на директори.

Од „Krka“ при објавувањето на деветмесечниот извештај изјавија дека наведениот почетен основен капитал е наменет за финансирање на развојот, откуп на земјиште и изградба на производни објекти за стерилни облици на производи. Производството на готови производи во таблети и капсули, според долгорочниот договор, ќе го обезбеди партнерот, кој веќе има такви можности.

Првите поголеми продажни резултати од производите на „Krka“ во Кина се очекуваат за околу три години. Заедничката компанија исто така ќе произведува и некои производи за Европа и други пазари на „Krka“. Во тричлениот одбор двајца претставници ќе има „Krka“ а еден ќе биде претседател.

Тие додадоа дека кинеските власти веќе бараат одобрение за регистрација на компанијата. Уплатата на првата транша од впишаниот капитал се планира во јануари следната година. Компанијата на почетокот ќе се фокусира на регистрирањето на производите на „Krka“ во Кина. Во ова подрачје постојат некои капацитети и персонал кои ќе бидат дел од новата компанија. Стекнувањето со пазарни дозволи е предуслов за продажба на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП