28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата бележи пад на цените на светските пазари

Нафтата бележи пад на цените на светските пазари

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа од највисокото ниво што го достигнаа во 2015 година. Причината за ова е загриженоста поради растот на производството во САД што би можело да го отежне постигнувањето на рамнотежа меѓу понудата и побарувачката за нафта.

На лондонскиот пазар, цената за барел минатата недела падна за 1,3 отсто на 62,7 американски долари, додека на американскиот пазар поевтини за 0,3 отсто на 56,55 долари.

Во четири, од пет работни денови од минатата недела, цените на нафтата се лизнале од највисокото ниво што го достигнаа во 2015 година, затоа што вложувачите стравуваат дека порастот на произодството во САД ќе ги наруши настојувањата на ОПЕК да ја урамнотежи понудата и побарувачката на светските пазари.

Најважните членки на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) испраќаат порака дека и по март следната година ќе останат на договорот за намалување на производството на 1,8 милиони барели дневно за да се намали нерамнотежата меѓу големата понуда и помалата побарувачка.

Ваквото настојување го поткопува растот на производството во САД, кое минатата недела достигна рекордни 9,65 милиони барели дневно, што значи дека од средината на минатата година е зголемено за 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП