29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најголемите губитници меѓу милијардерите за 2017-та

Кои се најголемите губитници меѓу милијардерите за 2017-та

Џеф Безос продолжува да ја држи врвната позиција меѓу најбогатите луѓе во светот со 95,9 милијарди долари. Следат Бил Гејтс и Ворен Бафет, кои според Bloomberg поседуваат 88,2 и 77.9 милијарди долари.

Но, кои се најголемите губитници меѓу најбогати во светот?

Ванг Џиенлин, претседател на кинескиот конгломерат „Dalian Wanda Group“, изгуби 2,25 милијарди долари од почетокот на 2017-та година, но и покрај тоа се рангираше на 28-тото место во светот со богатство од 28.1 милијарди долари.

Следниот голем губитник е Стефан Лиц, кој во моментов е најголемиот акционер и претседател на „H & M“. Швеѓанецот загубил нешто повеќе од 2,2 милијарди долари до 21 милијарда долари, па така се наоѓа на 41-во место во светот.

Инвеститорот Карл Ајкан загуби 1.53 милијарди долари и денес ја зазема 48-та позиција меѓу милијардери, додека принцот Алуалид бин Талал веќе поседува 17,6 милијарди долари или 2,2 милијарди долари помалку од крајот на 2016-та година.

Потсетуваме дека принцот Алуалид бин Талал е еден од неодамна приведените принцови по обвиненијата за корупција, како и поранешни и сегашни министри и богаташи.

Според „Фајненшал тајмс“, на притворените им се нуди слобода за сума од 70% од нивното богатство.

Иако денес веќе не е дури ни меѓу првите 100 на најбогатите луѓе во светот, Џорџ Сорос оствари најголем пад на богатството. Според податоците на „Bloomberg“, тој веќе поседува само 8 милијарди долари или со 17,2 милијарди долари помалку од пред 11,5 месеци.

Ова, сепак, се должи на фактот дека Сорос донираше 80% од својето богатство во неговата добротворна организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП