16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ќе собере 5,3 милијарди долари од продажба на нови акции

Toshiba ќе собере 5,3 милијарди долари од продажба на нови акции

Јапонскиот технолошки концерн „Toshiba“ објави дека ќе добие 600 милијарди јени (5,3 милијарди долари) од продажбата на нови акции, клучен чекор кој ќе му овозможи на конгломератот да остане компанија која јавно се тргува, пренесува „Ројтерс“.

Советот на „Toshiba“ се сретна во неделата и одобри план за собирање 600 милијарди јени преку јавна понуда на акции на 60 странски инвеститори, кои се приклучија кон договорот.

„Toshiba“ треба да собере 750 милијарди јени до крајот на март, за да се пополни дупката за балансот, оставена од банкротот на нејзината американската единица за нуклеарна енергија, или во спротивно ќе биде избришана од Токиската берза.

Компанијата соопшти дека ќе ги користи приходите од продажбата на акции за отплата на обврските поврзани со банкротираната единица.

„Toshiba“ ќе издаде нови акции по цена од 262,8 јени по акција, што е помалку во однос на цената на затворање во петокот од 292 јени. Плаќањата од инвеститорите за новите акции ќе завршат на 5-ти декември.

Сингапурскиот фонд „Effissimo“ ќе стане најголем акционер во „Toshiba“ со удел од 11,34%.

„Toshiba“ покажа дека е во финансиска криза и во септември за 18 милијарди долари го бизнисот со чипови „Toshiba Memory“ на групата предводена од „Bain Capital“.

Но многу конкурентниот и континуиран процес на донесување на одлука за купувачот доведе до момент во кој „Toshiba“ може да не успее да постигне јасност за зделката од регулаторна гледна точка до крајот на фискалната година во март.

Без средствата од продажбата, таа најверојатно ќе ја заврши годината со нето загуба втора година по ред, која ќе изврши притисок врз берзата во Токио за отстранувањето на фирмата од трговијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП