19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот го мина нивото од 8.100 долари

Биткоинот го мина нивото од 8.100 долари

Биткоинот продолжува да ги крши рекордите по преминување на прагот од 8.100 долари за прв пат во својата историја.

Тоа се случи за време на трговијата во неделата, кога биткоинот достигна цена од 8 101.91 долари, според податоците на „CoinDesk“.

Новиот ценовен максимум дојде откако на почетокот на минатата недела криптовалутата се спушти под нивото од 6.000 долари, само за да се пробие до рекордната вредност неколку дена подоцна.

Падот на цената од минатата недела се поврзува со веста дека блокчејн технологијата зад биткоинот нема да претрпи надградба, со која ќе се зголеми обемот и да доведе до побрзи и поефикасни трансакции.

Како резултат на тоа голем број инвеститори го поместија вниманието кон „Биткоин Кеш“ – клон на оригиналниот биткоин кој располага со поголем обем, односно овозможува порамнувања. Покрај тоа, „Биткоин Кеш“ носи повеќе приход за луѓето кои ја копаат/собираат криптовалутата.

Сепак, Биткоинот останува ѕвезда во шоуто. Огромниот принос кој го носи виртуелната валута, привлекува се повеќе големи играчи како „Goldman Sachs“ и „CME“. Со нив во светот на криптовалутите ќе можат да влезат милијардите на хеџ фондовите и другите институционални инвеститори.

„Goldman Sachs“ веќе почна да ја демонстрира способноста да го одреди пазарното однесување. Ова се случи по неколку точни предвидувања за движење во цената на биткоинот. Според аналитичарите, сега претстои малку консолидација кај биткоинот.

Во моментов на подготовка на материјалот биткоинот се тргува за 8.050.87 долари при пазарна капитализација од 134 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП