20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и „Комитите“ го прославија јубилејот со триумф над Пелистер

Вардар и „Комитите“ го прославија јубилејот со триумф над Пелистер

Вардар го совлада Пелистер со 1:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше „зачинето“ и со прославата на навивачката група „Комити“ на два јубилеи – 30 години навивачка група и 70 години од основањето на нивниот омилен клуб.

Дербито го одбележаа и гостинските навивачи, „Чкембарите“, кои дојдоа во Скопје за фудбалска претстава која ретко ја има на нашите трибини. „Комитите“ приредија спектакл во 47. минута од натпреварот, која имаше симболично значење – во 1947 година е формиран ФК Вардар.

Победничкиот гол за „црвено-црните“ го постави Висар Муслиу, кој од 3-4 метри со глава го совлада Јовановски, по нафрлената топка од Фелипе. Вардар имаше одлична шанса и во финишот на натпреварот, кога во 80. минута, Јовановски го брани ударот на Блажевски, а потоа истиот играч ја погоди пречката на гостите.

Во 83. минута, гостите постигнаа гол преку Матеј Цветановски, кој доби атрактивна асистенција со пета, но тој беше поништен поради офсајд.

Со победата, Вардар останува на второто место, но се доближи до водечката Шкендија на осум поени, додека Пелистер останува на седмото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП