19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради скандалот со возилата, директорот на „Нисан“ ја враќа платата

Поради скандалот со возилата, директорот на „Нисан“ ја враќа платата

Генералниот директор на јапонскиот произведувач на автомобили „Нисан мотор“, Хирото Саикава и другите менаџери во компанијата почнаа да враќаат дел од платата што ја зимаат, поради скандалот со незаконските инспекции на возилата во погоните во Јапонија.

Саикава соопшти дека од октомври започнал да враќа дел од својата заработувачка и дека тоа ќе го прави се до март идната година.

„Нисан“ и поднесе извештај на Владата за истрагата за скандалот во кој е утврдено дека работници кои биле на обука и не биле овластени да извршат инспекција, рутински ги правеле проверките на возилата и користеле традиционални печати „ханко“ кои често се користат место потпис или како замена за лицата кои имаат сертификати.

Овие незаконски инспекции се однесувале на возилата кои се произведуваат во Јапонија, но не и за оние кои што се за извоз. Поради проблеми, Нисан повлече повеќе од милион возила и ги подложи на повторни проверки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП