20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлиоски стрелец во триумфот на Лидс

Алиоски стрелец во триумфот на Лидс

Фудбалерите на Лидс го совладаа Мидлзброу 2:1 (1:0) во рамките на 17.коло во Чемпионшип дивизијата. Во само втората победа за Лидс на последните шест натпревари стрелец на вториот гол беше македонскиот репрезентативец Егзџан Алиоски.

Во дербито на колото Алиоски постигна гол во 55.минута, кога на вистински начин ја заврши акцијата на Рофи и Хернандез.

Алиоски играше до 95.минута, кога на неговото место влезе дефанзивецот Пенингтон.

Претходно Лидс оствари предност од еден гол по првиот дел, откако Хернандез го постигна водечкиот гол во 25.минута.

Мидлсброу резултатот го намали во 76.минута кога Асомбалонга реализираше пенал.

По 17 кола во Чемпионшип дивизијата Лидс и Мидлзбору, заедно со Дерби каунти, ја делат шестата позиција со по 26 бода.

Лидс јунајтед во наредното коло, на 22.ноември, ќе гостува кај лидерот на табелата Вулверхемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП