25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички до бод во фото финишот, убедливи победи на Шкендија и Шкупи

Работнички до бод во фото финишот, убедливи победи на Шкендија и Шкупи

Работнички успеа да освои бод во Струмица во последните секунди од мечот со Академија Пандев, Шкендија и Шкупи зпишаа убедливо победи, а Силекс ги освои бодовите во Прилеп, во рамките на 16.коло во Првата македонска фудбалска лига, кое вечерва ќе го комплетира дербито помеѓу Вардар и Пелистер.

Академија Пандев во „малото дерби“ на ова коло, водеше против Работнички од 51.минута со голот на Балдовалиев се до последните секунди кога гостите од Скопје стигнаа до израмнување со голот на Сержињо.

Победа го пречека тимот на Силекс, кој со по еден гол во двете полувремиња го однесе целиот плен од Прилеп. Стрелци за Силекс беа Томов во 20, и Ѓорѓевиќ во 65.минута.

Лидерот на табелата Шкендија рутински се справи со „фенерџијата“ Скопје. Капитенот Хасани забележа хет-трик во победата 4:0. Македонскиот репрезентативец головите ги постигна во 11, 38, и 60.минута, а гол постигна и Бејтулаи во 53.минута.

Шкупи против Ренова ја забележа најубедливата победа оваа сезона. Чаирчани славеа со 4:1 со головите на Стојковски, Јашаровски и Адем, а единствениот гол за Ренова го постигна Јусуфи.

Табела: 1. Шкендија 40 бода, 2. Вардар (-3) 26, 3. Академија Пандев 25, 4. Силекс 25, 5. Работнички (-1) 20, 6. Шкупи (-1) 18, 7. Ренова 17, 8. Пелистер (-1) 15, 9. Победа 15, 10. Скопје (-1) 9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП