24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го Lizard Island во Австралија (фото)

Посетете го Lizard Island во Австралија (фото)

Неодолива комбинација од осамени плажи, неверојатно сместување и богато море…

„Lizard Island“ е едно од најспектакуларните и најпосетените австралиски одморалишта. Секоја од 40-те сместувачки единици содржи удобни дневни кревети и лежалки специјално поставени така што гостите можат да уживаат во неверојатните погледи на „Great Barrier“ гребенот.

Лоциран на 27 км од „Queensland“ брегот, овој скриен и осамен остров на „Great Barrier“ гребенот за прв пат го открил Капетан Кук и го нарекол според големите гуштери кои го опкружувале. Островот всушност е национален парк во кој имате се, од дождливи прашуми до неверојатните 24 бели песочни плажи – што значи дека можете непрекинато да уживате во гурмански пикник, ако е тоа она што вашето срце го сака.

„Lizard“ островот е всушност многу романтичен. Тука заљубените парови можат да уживаат во авантурите, нуркајќи и истражувајќи го морското дно или опуштајќи се во кристално чисите водени оази кои се во близина. Потоа, можат да се опуштат и да уживаат во висок стил со ултра богатата понуда на „Azure spa“ центарот. Желбата за храна луксузно ќе ја задоволи префинетиот „Osprey“ ресторан со поглед на плажа и богата понуда на голем број на специјалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП