19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus 5T: Доказ дека одличен телефон не мора да чини 1000 долари...

OnePlus 5T: Доказ дека одличен телефон не мора да чини 1000 долари (видео)

Откако неодамна беше претставен моделот „OnePlus 5“, вчера беше презентирана и неговата помоќна верзија „5T“ со која оваа компанија уште еднаш докаша дека добрите и квалитетни телефони не мора да чинат илјада долари.

„OnePlus 5T“ го користи истиот процесор како и претходно претставениот модел (Snapdragon 835), но има подобри камери (задна камера од 16 и 20MP и предна oд 16MP) и благодарејќи на помалите ивици на околу екрано, овој телефон сега има 6.01-инчен „AMOLED“ екран (Full HD резолуција), иако по димензии е скоро идентичен со 5.5-инчниот модел „OnePlus 5“.

Смартфонот ја користи верзијата „Android 7.1.1 Nougat“, а компанијата истакнува дека надоградбата на најновата верзија на мобилниот оперативен систем „Oreo“ ќе биде достапна во текот на следната година.

Цената на основниот модел кој пристигнува со 6GB RAM и 64GB простор за складирање на податоци изнесува 499 долари на американскиот пазар, а кој сака модел со повеќе меморија (8GB) и повеќе место за складирање на податоци (128GB), ќе мора да издвои дополнителни 60 долари – двата модели во продажба ќе се појават во текот на следната недела.

Од останатите опции треба да се спомене и сензорот за отпечаток на прстот кој е сместен на задната страна на телефонот, но и новата опција за отклучување на телефонот со препознавање на лицето, батеријата од 3.300 mAh, можноста за брзо полнење и 3.5-mm влез за слушалки, кој се поголем број на компании се одлучуваат да ги отстранат од своите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП