23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХотелот Mousai во Мексико - совршено место за бегство од дождливите денови...

Хотелот Mousai во Мексико – совршено место за бегство од дождливите денови (фото)

Како што пристигна ноември, полека се подготвуваме за ледените денови, дождот, снегот и многу многу слоеви облека…

Сепак, еден поглед во нашите фотографии, ќе ве наведе да мечтаете за неверојатниот Тихи океан и уште подобриот луксуз. Магичниот хотел Mousai кој се наоѓа во Пуерто Валјарти во Мексико претставува тропски рај наменет исклучиво за возрасни, кој на своите гости ќе им даде прилика да уживаат во апартмани со луксузни бањи и приватни тераси со базени, лежалки и поглед кон заливот.

Ултра Mousai апартмнаните исто така како дел од својата услуга нудат ексклузивна услуга од батлер, пристап до Spa Imagine хидротерапија и селекција на мириси за ароматерапија.

Овој врвен хотел на плажа има голема предност во однос на другите слични избори, бидејќи неговите гости се размазени со селекцијата на активности и беспрекорни погодности. Овде можете да уживате во нуркање и пешачење, сесии јога, дегустација на текила и практично се останато што може да ви падне на памет.

Дел од овој хотел е во целост опремената теретана, теренот за кошарка, тенис и сквош. Што се однесува на гастрономијата, Rooftop ресторанот на овој хотел ве повикува да уживате во уникатното искуство на плажа, каде можете да уживате во појадокот, ручекот и попладневните коктели, со поглед на Бандерас заливот. Кога ќе дојде време за вечерата, елегантниот ресторан кој ви е на располагање ќе ви понуди стекови, азиска и мексиканска кујна. Рајски зарем не?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП