29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Разубавувањето“ на биографијата како пречка на патот за пронаоѓање работа

„Разубавувањето“ на биографијата како пречка на патот за пронаоѓање работа

Да го измамите работодавецот кој ви нуди работа е можно, барем во првиот круг на елиминација. Тоа, меѓу остантото, го покажа и познатиот пример со лажниот финансиски експерт од Норвешка кој беше вработен во неколку јавни претпријатија. Дали комисиите се површни во проверката на податоците за кандидатот и дали кандидатите се искрени во своите биографии?

Имате диплома и добар просек. Но за посакуваната работа, биографијата ви е тенка. Дали сте подготвени да ја „разубавувате“?

„Поретко се случува да биде измислена компанија или позиција, но почесто се случува и описот на задолженија да биде далеку поширок од она што навистина го работеле, осносно се претставува дека работеле на повисоки позиции од она што навистина го работеле на претходното работно место“, покажуваат истражувањата.

Во западна Европа, но и регионот постојат електронски бази со податоци од средните училишта и факултетите, па на увид е достапна секоја диплома.

Наведеното работно искуство, работодавците во приватниот сектор, најчесто сакаат да го проверат.

Најчесто работодавецот го контактира неговиот претходник, односно наведената компанија каде што лицето навело дека работело и бара мислење за него, но во денешно време поради големиот број на приватни но и државни компании овој процес малку е отежнат, но сепак постои и се покажал како ефикасен, бидејќи „лажговците“ дел поради брзиот развој на комуникацијата, лесно се фаќаат во лагата.

Проверката на стручноста пред вработувањето е обврска на работодавецот, велат експертите. За одделни нестручни луѓе на високите функции не се заслужни само биографиите, туку и вработувањето преку врски.

Сепак, „разубавувањето“ на биографијата, односно исполнувањето со невистини сериозно им штети на лицата кои бараат работа, во секој случај за да ја пополнат биографијата подобро е најпрвин да се пријават некаде волонтерски да работат со цел да имаат подоцна со што да ја пополнат.

Нестручните лица за одредена позиција за која претходно ја разубавиле својата биографија можат и сериозно да му наштетат на бизнисот-компанијата.

Неодамнешното истражување во Германија покажало дека еден нестручен вработен ги загрозува резултатите на седум стручни колеги во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП