23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВегански бисер: Адаптогено топло чоколадо

Вегански бисер: Адаптогено топло чоколадо

Здрав адаптоген напиток кој ќе ви го заслади утрото и ќе ви го разубави денот…

Наместо кафе секое утро испијте здрав чоколаден напиток од адаптогени намирници и обезбедете му на телото природен баланс. Освен што обезбедува енергија за цел ден, адаптогеното чоколадо го брани телото од ризичното реагирање во стресните ситуации, го подобрува имунолошкиот систем и го снабдува организмот со моќни антиоксиданси.

Рецепт за превкусно адаптогено чоколадо

– 1 лажица какао

– 2/3 шолја билно млеко (ориз, соја, бадемово и сл)

– 1/3 шолја зовриена вода

– 1 лажица кокосово масло

– 1 лажица афион (мак) во прав

– 1/2 лажица прав од реиши печурка

– на врв на лажичка кардамон

– 1/2 лажица ванила во прав

– 1/2 лажица јаворов сируп

Подготовка:

Ставете ги во блендер сите суви состојки, кокосовото масло и зовриената вода, па матете додека да исчезнат грутките. Во смесата сипете загреано млеко и матете додека напитокот да стане пенлив, па додадете го јаворовиот сируп. Наместо јаворов сируп можете да употребите и мед, а во тој случај почекајте најпрвин напитокот да се олади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП