24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се опоравите од отказот?

Како да се опоравите од отказот?

Да добиете отказ е една од најлошите работи кои можат да ви се случат во вашата кариера. Можеби ќе се чувствувате отфрлено или посрамотено, но не очајувајте!

Да добиете отказ поради реструктуирање како технолошки вишок може да биде многу стресно, но не како и кога отказот ќе настапи поради незадоволство на работодавецот. Доколку станува збор за ова првото најчесто постои повеќе разбирање од околината, но доколку отказ сте добиле поради проблеми поврзани со вашиот карактер или обавувањето на работните задачи, ситуацијата е малку поинаква.

Отказот најчесто следи зошто нешто не сте направиле или сте направиле. Можеби не сте ги задоволиле стандардите или не сте ги покажале потребните вештини и искуство. Можеби не се согласувате со колегите. Без оглед за која причина станува збор, важно е да сте свесни со цел грешките да не се појават повторно на некое друго работно место.

Во секој случај, да се опоравите од отказот не е лесно. Откако сте ги средиле документите и сте се распрашале за можностите за надоместок за невработени, дадете си на себе одредено време во кое ќе го надминете разочарувањето. Објективно согледајте ги причините поради кои сте отпуштени и одлучно одредете како ќе постапите следниот пат во слична ситуација.

Опкружете се со семејството и пријателите кои имаат разбирање за вашите проблеми и избегнувајте ги негативните лица склони на претерано критизирање.

Не заборавајте:

– Подгответе уредна и импресивна биографија и мотивациско писмо

– Адекватно подгответе се за нов разговор за работа

– Проширете ги видиците и разгледајте ги сите опции за вработување

– Доколку на разговорот за работа ве прашаат зошто сте го напуштиле работното место бидете искрени, не го критикувајте работодавецот туку истакнете кои промени сте ги направиле на себе и истакнете ги вашите предности.

„Сето ова направете го откако ќе помине одреден период на препородување во кој буквално ќе се излекувате од добиениот отказ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП